БИЗНИС КОНФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Светот се соочува со предизвик да создаде 600 милиони работни места
Светот се соочува со „неодложен предизвик“ за создавање 600 милиони продуктивни работни места во текот на следната деценија со цел генерирање одржлив развој и одржување на социјалната кохезија, се вели во годишниот извештај на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за вработувањето во глобални рамки.
Во прилог соопштението и извештајот годишниот извештај насловен „ Глобални трендови во вработувањето 2012 г. : Спречувајќи подлабока криза во вработувањето“
Соопштението може да го превземете ТУКА!
Четврта седница на Локалниот Економско Социјален Совет на општина Кавадарци
Почитувани колеги,
Со особено задоволство ве информираме за одржаниот состанок на Економско Социјалниот Совет на Општина Кавадарци. На 23.12.2012 се одржа состанок со претставници од локалната самоуправа на Општина Кавадарци претставена од Претседателот на Советот на Општината и Претседавач на Локалниот Економски Социјален Совет Г-дин. Илија Тренчев, претставници од канцеларијата на локалниот економски развој, претставници од бизнис заедницата и синдикатите.
Во особено конструктивна и работна атмосфера, со исклучително и за пример ниво на социјален дијалог претставниците на членовите на Економско социјалниот совет разговараа за економски,социјален и културен развој на општината.
Точките од дневниот ред беа прифатени од сите членови на советот, се разговараше за :
1.Инфраструктурните инвестиции и планови на Општината,
2.Пречистителната Станица во Општина Кавадарци,
3.Тековни прашања .
Формирање на Економски Совет во соработка со Локалната самоуправа на Прилеп
Бизнис Конфедерацијата на Македонија за заедно со Локалната самоуправа на Прилеп формираа економски совет со 20 членови од стопанството, невладиониот сектор, синдикатот. Според плановите тоа ќе биде советодавно тело за иницирање на развојни градски проекти. Градоначалникот Марјан Ристески, кој е претседател на ова тело, изјави дека Советот ќе учествува во носењето на одлуки поврзани со инвестициите и деталните урбанистички планови. Регионалниот претседател на Бизнис Македонија Г-динот Миле Чупетрески беше потписник на документот за соработка од страна на Бизнис Македонија.
„Советот ќе помогне при изборот на локации за индустриските зони, патната инфраструктура, прокети за земјоделството, културата, туризмот, образованието и едукацијата“ истакна градоначалникот Ристески. Потпретседатели се директорите на „Прилепската пиварница", Сашо Самарџиоски и на "Витаминка", Сашо Наумоски.Локалниот економски совет ќе има и непостојани членови, министри кои потекнуваат од Прилеп, директори на јавни претпријатија и носители на јавни фукции.
Повеќе Артикли...
Лист 1 од 10
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>











